петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кожув го надигра Гостивар и ја продолжи битката за Суперлигата

Кожув го надигра Гостивар и ја продолжи битката за Суперлигата

Кошаркарскиот клуб Кожуф од Гевгелија на домашен терен забележа важна победа откако слвеше над Гостивар со 90-74 и остана во игра за едно од местата кои водат во Суперлигата.

Кожув доминираше во сите периоди и од минута во минута ја градеше предноста. Најдобро одигра во вториот квартал, кога постигна 28 поени, а прими само 17 поени.

Највисоката предност која Кожув ја имаше на мечот ја стекна на отворањето на третиот период, кога со серија од 11-0 дојде до позитива од 24 поени и високи 60-36.

Најдобар кај стрелците беше Станојевиќ со „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 11 скока, пред Силаџи со 16 поени, додека кај Гостивар, Костоски реализира 20 поени.

Кожув сега има скор 6-7, додека Гостивар има скор од  8-5.