понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кожув го победи ТФТ Тафталиџе

Кожув го победи ТФТ Тафталиџе

Кожув од Гевгелија  го совлада ТФТ Тафталиџе со 90-76 и направи чекор напред во борбата за една од позициите кои водат во Суперлигата.

Десет минути го чинеа ТФТ пораз, затоа што тимот прими 35 поени, наспроти 12 постигнати и на Кожув му дозволи да го сврти мечот во своја полза.

Пајиќ мечот го заврши со 18 поени, пред Станојевиќ со 17 и Лок со 16 поени, додека кај ТФТ најмногу се истакна Хортон со 23 поени, пред Андерсон со 17 поени.

ТФТ сега има скор  од 8-4 и падна на шестото место, додека Кожув скокна на петтата позиција со биланс 7-7.