Кожув од Гевгелија ја оствари целта и славеше во „мајсторката“ над Црн Дрим со 91-78 во рамките на плеј-аутот и со тоа следната сезона ќе игра во Првата Лига.
Најдобар во триумфот беше Марко Симоновски кој натпреварот го заврши со 30 поени (11/13 од поле, 3/3 за два, 8/10 за три), пред Лок со 18 поени и Станојевиќ со 15 поени. Кај Црн Дрим, Жоао Марсело реализира 25 поени, пред Грубор со 18 поени.
Покрај Црн Дрим, од Првата лига испадна и Вардар, кој административно го загуби вториот дуел против МЗТ Скопје Уни Банка со резултат од 2-0.