Кошарарскиот стратег Александар Јончевски од денеска и официјално повеќе не е тренер на Кожув.
Откако не се појави на последните неколку средби на тимот, стигна и потврда за разделбата.
„Благодарност до КК Кожув за укажаната доверба изминативе две и пол години да го предводам клубот како шеф на стручниот штаб. Сепак, концептот и идејата за понатамошното функционирање на клубот беа различни во однос на очекувањата на управата и на реалните можности, па се разделивме во спортска и пријателска атмосфера“, напиша Јончевски на својата фејсбук страна.