петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Крај на сезоната за Кирил Николовски

Крај на сезоната за Кирил Николовски

Еуро Никел до крајот на сезоната нема да може да смета на услугите на Кирил Николовски кој поради повреда го очекува пауза од два до три месеци.

Центарот дојде како големо засилување во кавадаречкиот тим од редовите на Кожув, значајно влијаеше во играта на вицешампионот, но тренерот Самарџиев сега ќе мора да бара ново решение.

Поранешниот македонски репрезентативец настапи на седум натпревари за „сино-белите“ во кои бележеше просек од 11.1 поен со реализација од 53 отсто за два и 29 за три поени, а додаде и 7.4 скока и 1.7 асистенција.