Плејмејкерот на Феникс санс, Крис Пол, ќе го пропушти шестиот натпревар од серијата против Денвер поради повреда на препоните.
Ветеранот на Феникс се повреди за време на натпреварот 2 од серијата и оттогаш не е на теренот. Без Пол, Санс победија на два домашни натпревари од пресметката во четвртфиналето во НБА-плејофот.
– Тој дефинитивно почна да работи повеќе на тренинзите, но внимаваме да не избрзаме со неговото враќање. Сè уште немам извештај кој вели дека Крис е подготвен 80 или 90 проценти, изјави главниот тренер Монти Вилијамс. Резултатот во серијата прв до четири е 3:2 за Денвер.