Еден од носителите на играта на Хјустон, плејмејкерот Крис Пол се уште не е сигурен дали ќе настапи на решавачкиот натпревар од финалето на плејофот на Западната конференција во НБА лигата.
Неговиот тим Хјустон вечер во 3 часот по полноќ го пречекува Голден Стејт во мајсторката која ќе го даде вториот учесник во големото финале.
Тренерот Мајк Дантони пред самиот почеток на натпреварот ќе ја донесе одлуката дали Пол ќе биде во составот на „ракетите“.
– Пол има повреда на бутниот мускул. Одлуката дали ќе игра ќе ја донесеме пред натпреварот. Тој сега е во мирување. Се надеваме дека болката ќе исчезне. Добива поддршка и помош 24 часа во обид да закрепне од повредата, изјави Дантони.
Крис Пол се повреди во петтиот меч од серијата, поради што го пропушти шестиот натпревар од серијата со Голден Стејт.
(Миа)