недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Крис Пол се повреди

Крис Пол се повреди

Плејмејкерот на Финикс санс, Крис Пол, поради повреда ќе отсуствува од терените од шест до осум недели. Финикс се најдобриот тим во лигата со 48 победи и 10 порази. Како стојат работите, без Пол ќе бидат до крајот на регуларниот дел од сезоната. Регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата ќе заврши на 10 април.

„Со многу работи се бориме оваа сезона. Поради повреди губевме играчи, се случуваа работи и надвор од теренот…Смешно е и да помислиш дека без пречки ќе успееш да минеш сезона во НБА-лигата. Ова сега е малку поинаку бидејќи во прашање е Крис. Сепак ова е можност и другите момци да добијат шанса и тие да си ја подигнат самодовербата. Кога ќе се врати ќе бидеме уште подобри“, изјави тренерот на Финикс, Монти Вилијамс.

Ветеранот Пол сесонава има просек од 14,9 поени и 10,7 асистенции.