Драма каква што не паметиме во регионалната кошарка видовме во Домжале во финалниот натпревар од плеј-офот во АБА2 лигата.
По многу борба и продолженија, екипата на Крка Ново Место ја освои АБА2 лигата, победувајќи го домашниот Хелиос Санс со резултат 82-83.
Од самиот почеток на натпреварот и двете екипи ја покажаа својата желба за победа. Се играше воглавно изедначено.
На полувремето Крка имаше предност од 35-38. Во вториот дел следеше иста динамика, а на самиот крај и двете екипи имаа шанси за победа, но заврши 78-78 и се отиде во продолженија.
Во екстра-времето Крка имаше повеќе среќа и умешност и славеше со конечни 82-83, иако Хелиос имаше напад за триумф.
Крка до триумфот ја предводеше искусниот Стипчевиќ со 20 поени, три скока и две асистенции и уште еднаш ја покажа својата класа во регионални рамки.
Кај Хелиос Санс најдобар беше Буљевиќ со 20 поени и седум скока, а Махковиќ додаде 19 поени.