вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Крстевски: Го забораваме Левице, одиме во Осло да ја „репризираме“ Гевгелија

Крстевски: Го забораваме Левице, одиме во Осло да ја „репризираме“ Гевгелија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Бојан Крстевски одигра добар натпревар во Левице против Словачка.

Но на крајот, неговите, и напорите на другите наши играчи не се покажаа како доволни да се продолжи победничката серија во вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Словаците славеа победа (82:73), па сега имаме само една победа повеќе од нив во групата „Д“, во пресрет на последното шесто коло од претквалификациите.

– Штета за поразот, имавме добри моменти на натпреварот во Левице. Пред сè на почетокот на третата четвртина, кога имавме отворени ситуации за шут, меѓутоа не ги реализиравме. Од друга страна противникот имаше одличен шутерски ден, заокружен со реализација на 14 тројки, со висок процент на реализација – рече Крстевски.