четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Крстевски : Треба да одиграме максимално ангажирано на сите натпревари

Крстевски : Треба да одиграме максимално ангажирано на сите натпревари

Крилниот центар Бојан Крстевски е повторно дел од националниот тим кој денеска ги заврши мини-подготовките во Скопје и утре заминува за Перм, во обид да и донесе уште едно учество на нашата на големо европско натпреварување како Евробаскетот 2022.

За разлика од оние претходни подготовки, пред „балонот“ во Талин кои се надевам, ги заборавивме, сега имаме комплетен тим. Уште тука, во Скопје, селекторот ги имаше на располагање скоро сите играчи.

„Радува тоа што сите играчи кој ги повика селекторот се ставија на диспозиција и се на располагање за овој квалификациски циклус. Се надевам дека ќе останеме во добро здравје до ‘балонот’ во Перм. Секако дека е олеснителна околност што летаме директно до Перм. Заштедуваме многу на време, на промена на летови, а освен тоа, и ќе пристигнеме поодморни и посвежи во Перм . Треба да одиграме максимално ангажирано на сите натпревари. Покажавме на првиот натпревар со Русија дека можеме да се носиме со нив, а зошто да не е така и со Италија. Секако, би сакал да имаме некоја победа пред натпреварот со Естонија“