Бојан Крстевски и честиташе на Грузија за победата во овој меч и ја анализираше играта на Македонија.
„Честитки на Грузија за заслужената победа. Не бевме доволно агресивни. Тие најдоа решенија за нашата одбрана и начин да постигнат лесни поени. Ако се согледаат сите работи со младите играчи и без многу играчи, се покажавме добро. Жал ми е што на ниту еден натпревар не бевме комплетни, но тоа е шанса за младите да се докажат“, изјави Крстевски.