вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Куманово ги договори Николиќ и Луис

Куманово ги договори Николиќ и Луис

Нови имиња во редовите на кумановчани се Петар Николиќ и Роберт Луис. Првиот кој е македонски бек и зад себе има големо искуство на домашната сцена доаѓа од редовите на Пелистер. Во минатото ги носеше и дресовите на Работнички, Еуро Никел, Блокотехна и Водњански Лисици.

Американскиот интернационалец, пак, кој игра на крилните позиции минатата сезона беше дел од НЦАА лигата во Соединетите Американски Држави. Луис мина одреден период со Куманово кој беше своевидна проба и ја мина успешно.

Македонскиот прволигаш исто така го продолжи договорот на уште две години со искусниот кошаркар и повратник во клубот Ненад Зивчевиќ.