среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Куманово и ТФТ ги добија противниците во втората фаза од БИБЛ лигата

Куманово и ТФТ ги добија противниците во втората фаза од БИБЛ лигата

Македонските кошаркарски прeтставници, Куманово и ТФТ го дознаа противниците во втората рунда во БИБЛ регионалното натпреварување.

Ждрепката се одржа  денес во Софија, каде беа формирани две нови групи Ф и Г.
Во Ф групата е ТФТ Тафталиџе кој ќе ги одмери силите со Берое од Бугарија и Хапоел Гилбоа Галил  од Израел), додека пак Кумановци се во групата Г заедно со Академик Пловдив и Хапоел Холон од Израел.

Првопласираните две екипи од двете групи ќе обезбедат место на завршниот турнир кој ќе треба да го даде шампионот во ова натпреварување во оваа тековна година.