вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Куманово лесно се справи со Работнички

Куманово лесно се справи со Работнички

Кошаркарите на Куманово 2009 славеа над скопски Работнички со 72-54 во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во машкиот кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Домаќините уште од почетокот почнаа силно и веќе по десет минути игра имаа плус девет поточно 22-13.

Вториот период донесе малку поени, но и во таква игра подобро се снајдоа домаќините кои на пауза заминаа со позитива од 38-25.

Во вториот дел домажините рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 72-54.

Андрија Марјановиќ со 22 поени беше прво име во победничкиот тим, а го следеше Душан Јузбашиќ со 19 поени и Ненад Зивчевиќ  со 15 поени.

Кај поразените Даниел Нацевски заврши со 14 поени.