петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Куманово на гостински терен го совлада МЗТ Скопје

Куманово на гостински терен го совлада МЗТ Скопје

Во заостанат натпревар од 20. коло во Првата македонска кошаркарска лига, Куманово вечерва го победи МЗТ Скопје Аеродром на гостински терен со 83:76.

По овој пораз, МЗТ Скопје Аеродром ги загуби и теоретските шанси за првото место на табелата во регуларниот дел од Првата лига. Кумановци со новите два бода може да се надеваат и на некое место погоре на табелата во пресрет на плеј-офот.

МЗТ има биланс 14-7 е трет на табелата, додека Куманово е со ефект 12-9 е на делба на петтата позиција.

До крајот на регуларниот дел, на двете екипи им останува да одиграат уште по еден натпревар.  (МИА)