Кошаркарите на Куманово претрпеа нов пораз во БИБЛ регионалната лига, втор од бугарски Академик со што ги загубија и минималнте шанси за завршницата во оваа натпреварување.
Домашниот тим славеше со убедливи 96-68, резултат кој јасно покажува што се случуваше на теренот на овој натпревар.
Академик беше супериорен, првиот дел го доби со 46-28, додека во вторите 20 минути дополнително ја зголеми разликата.
Ѓекиќ со 12 и Андрејевиќ со 10 поени беа први стрелци кај македонскиот тим а пак Минков со 16 го предводеше победничкиот состав.