недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Квентон Декоси нов кошаркар на Работнички

Квентон Декоси нов кошаркар на Работнички

Скопски Работнички продолжува да го засилува својот ростер за новата сезона и го договори првото странско засилување.

Американскиот кошаркар Квентон Декоси е нов кошаркар на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Се работи за кошаркар кој може да одговори на неколку позиции во нападот и од него се очекува да биде водечка алка на тимот во новата сезона.

Декоси во Работнички доаѓа од редовите на Алба Фехервар  од Унгарија, а претходно во Европа настапуваше уште за Тревизо, Кието и во Арис.

Летово, „центарци“ своите редови ги засилија и со Роберт Рикиќ и Бојан Стајиќ, а наскоро треба да бидат преставени и останатите новајлии.