Лос Анџелес Лејкерс посакува да се засили со хрватскиот интернационалец Бојан Богдановиќ.
Од почетокот на сезоната „езерџиите“ бараат начин да го засилат ростерот. Хрватот моментално е дел од Детроит Пистонс. За него Лејкерси ги нудат Кендрик Нан, Патрик Беверли и еден заштитен пик од прва рунда на драфтот. Преговорите се во тек, меѓутоа Пистонси се надеваат дека ќе извлечат повеќе за својата прва ѕвезда.
Славната франшиза од Калифорнија игра лоша сезона и има негативен скор по неколку месеци во тековната сезона.