Кошаркарскиот клуб на Реал Мадрид предизвика кошаркарки земјотрес, се договори со Шејн Ларкин од Анадолу Ефес, пишува „Мундо Депортиво“.
Договорот на Ларкин со актуелниот европски шампион истекува на лето и во Мадрид ќе пристигне како слободен играч.
Весникот пишува дека Реал ги договори сите детали со кошаркарот кој настапува за турската репрезентација и треба да се договори уште со екипата на Басконија.
Имено, кога Ларкин во 2017 година си заминуваше од Басконија, челниците на клубот успеаја да се изборат за право на предност при наредниот трансфер на одличниот бек.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Басконија не може финансиски да се бори со Реал Мадрид и речиси сигурно е дека Ларкин од следната сезона ќе носи дресот на „кралскиот клуб“.