Финскиот кошаркарски репрезентативец Лаури Марканен е трејдуван во Кливленд Кавалирс, објави инсајдерот Адријан Воинаровски. Марканен ќе биде дел од тројниот договор, во кој учествуваат Чикаго и Портланд.
На оваа размена, Марканен се сели во Кливленд, Чикаго го добива Дерик Џонс, идниот пик на Портланд од првиот круг на Драфтот и идниот избор на Кливленд од втората рунда на Драфтот. Портланд, пак, го доби Лери Ненси Џуниор како дел од оваа размена.
Марканен беше избран за 7-ми „пик“ на НБА драфтот во 2017 година од Чикаго. Тој имаше просек од 13,6 поени, 5,3 скокови минатата сезона и беше еден од најдобрите кај Булс.
Новиот договор на Марканен е за четири години, од кој би требало да заработи 67 милиони долари.