четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лејкерс прокоцкаа предност од 26 разлика и загубија од Оклахома (ВИДЕО)

Лејкерс прокоцкаа предност од 26 разлика и загубија од Оклахома (ВИДЕО)

Трет пораз за Лос Анџелес Лејкерс на стартот од сезоната, овојпат загубија на гостувањето кај Оклахома со 123-115 иако во еден момент имаа водство и од 26 поени разлика.

Во петтиот меч од новата сезона Лос Анџелес Лејкерс го забележа третиот пораз, ова не е старт на каков што се надеваше армијата навивачи на овој тим. На овој натпревар не настапи Леброн Џејмс.

Лејкерс одлично го почнаа мечот, првата четвртина ја добија со 41-19, а во втората стигнаа и до предност од 26 разлика, 56-30. но работите набрзо почнаа да се менуваат.

Оклахома одигра две мастрални четвртини, Лејкерс падна и се случи пресврт, домаќините го добија мечот со 123-115.

Ентони Дејвис со 30 поени беше најефикасен во составот на Лејкерс, одличен меч зачинет со трипл-дабл имаше поранешниот играч на Оклахома, Вветбрук кој потигна 20 поени, 14 скокови и 13 асистенции. Најдобар кај Оклахома беше Шај Гилџес Александар со 27 поени, имаше и 9 скокови.

Резултати:

Орландо – Шарлот 111:120
Бостон – Вашингтон 107:116
Бруклин – Мајами 93:106
Њу Орлеанс – Атланта 99:102
Торонто – Индијана 118:100
Милвоки – Минесота 108:113
Оклахома – ЛА Лејкерс 123:115
Феникс – Сакраменто 107:110
Портланд – Мемфис 116:96
ЛА Клиперс – Кливленд 79:92