Лос Анџелес лејкерс планира да го повлече дресот со бројот 16, кој го носеше легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол.
Шпанецот вчера соопшти дека ја завршува кошаркарската кариера во рамки на која шест и пол години го носеше дресот на „Лејкерси“, освојувајќи со тимот од Лос Анџелес две шампионски титули во НБА лигата.
Гасол во НБА лигата настапуваше и за Мемфис, Чикаго, Сан Антонио и Милвоки и на 429 натпревари имаше просек од 17.7 поени, 10 скокови и три и пол асистенции.
Крајот на кариерата го објави како член на Барселона, тимот во кој и ја почна својата блескава кариера.