недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Летонија без Порзингис на СП?

Летонија без Порзингис на СП?

Кошаркарската репрезентација на Летонија би можела драстично ослабена да оди на Мундијалот бидејќи неизвесен е настапот на најдобриот играч Кристапс Порзингис.

Порзингис има повреда на стапалото и одлуката за неговото појавување на Светското првенство ќе биде донесена во последен момент.

Одлуката заеднички ќе ја донесат тој, стручниот штаб на Летонија и неговиот НБА клуб, Бостон Селтикс.

Во првата фаза од шампионатот Летонија ќе игра во најтешката група Х, заедно со Франција, Канада и со Либан. Двете најдобри селекции ќе се пласираат во втората фаза.

Без Порзингис, Летонците ќе имаат големи проблеми во дуелите со Канаѓаните и со Французите.

Светското првенство во кошарка се игра од 25 август до 10 септември.