Екипата на Левски Лукоил, која е предводена од македонскиот тренер Александар Тодоров, е нов шампион во Балканската лига, откако вечерва го совлада тимот на Башкими од Призрен со 83:72.
За бугарскиот тим ова е прва титула во БИБЛ лигата.
Во „фајнал-фор“ турнирот, кој се одржа во Самоков, настапуваше и македонскиот тим Блокотехна. Во битката за третото место гевгелискиот тим загуби по продолжението од Рилски Спортист со 79:92.
МИА