Дејмиан Лилард го комплетира преодот од Портланд во Милвоки. Искусниот плејмејкер ќе се обиде да нападне титула во НБА лигата со Бакси, а веќе беше и официјално промовиран.
Одличниот шутер не криеше зошто се реши за заминување од Портланд, каде што беше прва ѕвезда. Неговите и клупските амбиции не се поклопуваа, Лилард сака да се бори за трофеј, ама Треил Блејзерси немаат тим за такво нешто. Токму тоа го наведе како причина за трејдот во Милвоки и на презентацијата.
„Мислам дека не е тајна дека сакам да победувам, така дојде до ова денес. Не можам да бидам повозбуден. Благодарен сум за шансата да бидам дел од оваа организација, да играм заедно со најдобрите во лигата“, прокоментира Лилард.