Екипата на Портланд утринава ја совлада Јута на домашен терен во натпреварот од регуларниот дел НБА лигата со 134:124.
Играч на мечот беше Демијан Лилард кој постигна 60 поени, со 9 тројки од 15 обиди. Неговиот личен рекорд е 61 поен во сезоната 2019/20.
Во поразениот тим се истакна Финецот Лаури Марканен со 24 коша.
За Портланд ова беше важна победа за задржување на чекорот со екипите кои се борат за влез во плејофот. Тимот сега има биланс 23 победи и 25 порази и е на 12. место во Западната конференција.
Јута е 10-та со скор 25 победи и 26 порази.