Кошаркарот на Чикаго, Лонзо Бол, во подкастот на Трае Јанг потврди дека целосно ќе ја пропушти сезоната 2023/2024.
Во март, Бол беше подложен на операција за трансплантација на клетки од ‘рскавица на левото колено. Тој можеби ќе стане првиот НБА играч кој ќе се врати на терените по трансплантација на ‘рскавица.
Бол имаше три операции на коленото во изминатите 14 месеци. Последен пат играше на 14 јануари 2022 година.