Американската професионалната кошаркарска екипа Лос Анџелес клиперс, во обид да излезе од сенката на многу попопуларниот градски ривал Лос Анџелес лејкерс, почна со изградба на сопствена сала во Инглвуд.
Според најавите, салата со капацитет од 18.000 седишта ќе биде подготвена за вселување до почетокот на сезоната 2024/25.
Американските медиуми јавуваат дека изградбата на салата ќе чини меѓу 1.8 и две милијарди долари.
– Мораме гласно да кажеме „Ние сме свои“. Ќе имаме сопствен идентитет. Ќе имаме сопствена сала, која го отсликува нашиот идентитет, порача сопственикот на Клиперси, Стив Балмер.
Клиперси се преселија во Лос Анџелес од Сан Диего во 1984 година и сè уште го чекаат својот прв настап во финалниот плејоф. Од друга страна, Лејкерси од доаѓањето во Лос Анџелес во 1970 година освоија 12 титули, од кои последната во 2020 година.