Најдобриот играч од претходните Ф4 во Евролигата, кошаркарот Василије Мициќ е во опасност да не заигра за својот клуб до крајот на оваа сезона.
Српскиот репрезентативец не играше на мечот против Асвел, а интересно е тоа што клубот не излезе со официјална информација за неговото отсуство. На тоа единствено се осврна тренерот на Ефес пред синоќешниот меч.
„Не сум сигурен дека Василије Мициќ ќе се врати на теренот до крајот на оваа сезона“, изјави турскиот стручњак.
Неговата изјава делумно ја демантираше менаџерот на Мициќ, Мишко Ражнатовиќ кој за српски медиуми рекол дека во моментов ниш