Тренерот на Лос Анџелес клиперс, Тајрон Лу ја коментираше победата на против Јута во четвртфиналната серија од НБА плејофот со 4-2.
– Овој клуб е многу гладен и жеден за победи. Клиперси имаа многу одлични состави во минатите сезони, но многупати сме имале многу неуспеси и падови. Откако Каваи (Ленард) беше елиминиран поради повреда, сите мислеа дека приказната со Клиперс се повторува. Но, нашиот тим, нашите момци не се предаваат. Победата ја извојуваа преку апсолутен тимски напор. Сите ние сме тука и се обидуваме да победиме на натпреварите и подготвени сме да сториме сè за успех, изјави Лу.
Јута водеше со 2-0 во серијата прв до четири победи. Сепак тимот од Калифорнија успеа да направи пресврт и со четири триумфи по ред да обезбеди конференциско финале.