Бостон се најде на прагот до историски пресврт во рамките на финалето на Источната конференција во НБА лигата.
По негатива од 3-0 во серијата, се избори за седми меч, откако ноќеска славеше против Мајами со 104-103 благодарение на Дерик Вајт.
Решавачкиот натпревар ќе се игра ноќта од понеделник кон вторник, а со победа Бостон би станал првиот тим во историјата кој направил пресврт 0-3 во НБА плеј-офот.
Батлер ги погоди сите три удари од линијата за слободни фрлања, им донесе водство на Хит и го доближи кон финалето, но на Селтикс им преостанаа уште три секунди.
По тајм-аутот, Маркус Смарт промаши тројка, Вајт дојде до одбиената топка и во едно движење ја протна топката низ обрачот.
Јунакот Вајт заврши со 11 поени, а Селтикси ги предводеа Џејсон Тејтум со 31 поен, 12 скока и пет асистенции, Џејлен Браун со 26 поени и 10 скока и Смарт со 21 поен. Џими Батлер постигна 24 со 11 скока и осум асистенции, но и очајни шут од 5/21.