недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

„Лудница“ на аеродромот во Белград на пречекот на сребрените кошаркари (ВИДЕО)

„Лудница“ на аеродромот во Белград на пречекот на сребрените кошаркари (ВИДЕО)

Апсолутен спектакл ги дочека српските кошаркари на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград каде во раните утрински часови се собраа повеќе од илјада навивачи да ги пречекаат своите херои.

Србија во Белград се врати со сребрениот медал од Светското првенство 2023, по поразот во финалето од Германија. Но, кошаркарите во Белград беа пречекани како вистински шампиони.

„Пресреќен сум што луѓето во овие ноќни часови во вака голем број дојдоа да не пречекаат. Им благодарам на тоа и се надевам дека уживаа во игрите на овој тим“ – порача Богдановиќ, на кого се дополни и Стеван Јовиќ.

„Горди сме на се што направивме на овој Мундобаскет. Ова што ни го приредија сега е, пак, најубавото нешто кое можевме да го сонуваме. Ова се моменти кои не се забораваат“.