Словенската кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ во вторникот поднел барање до Канцеларијата за патенти и заштитни знаци на САД со кое бара поништување на регистрацијата за заштитен знак „Лука Дончиќ 7“, кој е во сопственост на неговата мајка, Мирјан Потербин.
Во тужбата која е поднесена од страна на адвокатската канцеларија „Браун Радник“ стои дека Дончиќ не е поврзан со брендот „Лука Дончиќ 7“, и дека не одобрува пласирање на роба и услуги под споменатото име.
Околу целата ситуациај со коментар се јави и неговата мајка Мирјан.
„Се што е напишано доаѓа од луѓе кои го опкружуваат Лука во последните две години и сакаат целосна контрола врз неговиот живот и кариера. Не сакам да ги вадам валканите алишта, особено во време кога Лука треба да се фокусира на важните натпревари пред него. Од самото раѓање, единственото нешто што ми беше важно беше тоа Лука да е среќен. Секогаш ќе стојам да го штитам мојот син и никогаш нема да отстапам од тоа“, изјави Мирјан.