Бордот на ФИБА Европа ги прифати апликациите за организацијата на две младински првенства, по едно во машка и женска конкуренција.
Од 12. до 20. август во Скопје ќе се одржи континенталното кадетско првенство од елитната дивизија (генерација на играчи родени 2006 година и помлади).
Македонија, конечно, ќе ги пречека најдобрите кошаркари од Европа на оваа возраст откако две години по ред овој шампионат беше одложуван поради корона пандемијата.
Во нашата земја ќе се игра и Европското првенство од „Б“ Дивизија „Под 20“ години во женска конкуренција и тоа во периодот од 9 до 17 јули.
Во останатите категории, машката селекција „Под 18“ години ќе се натпреварува на Европското првенство „Б“ Дивизија во Романија од 16 до 24 јули.
Европското првенство за кошаркари „Под 20“ години ќе се игра во Грузија, во периодот од 16. до 24. Јули. Женската репрезентација „Под 16“ години ќе игра на Европското првенство „“-дивизија во БиХ од 6 до 14 август, а две години постарите кошаркарки на Европското првенство „Б“ Дивизија во Австрија, од 24 јули до 1 август.