петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија е последна на ЕП за кошаркари до 16 години

Македонија е последна на ЕП за кошаркари до 16 години

Македонските кошаркари до 16 години завршија на последното место на Европското првенство во оваа возрасна категорија, кое се одржува во Скопје.

Во натпреварот за избегнување на „фенерот“, денеска загубија од Белгија, репрезентацијата против која ја забележаа единствената победа, уште во фазата по групи. За разлика од тој натпревар (63-57 за Македонија), овој пат Белгијците славеа убедливо, со 90-72.

Илин Најков со 21 поен беше најрасположениот македонски кошаркар, а со 10 му помогна Лука Марјановиќ.