вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија ја декласираше Австрија за одличен старт на ЕП во Тбилиси

Македонија ја декласираше Австрија за одличен старт на ЕП во Тбилиси

Машката селекција на Македонија за кошаркари  до 20 години имаше успешен почеток на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое стартуваше денеска во Тбилиси, Грузија.

На премиерниот натпревар славеа убедлив триумф против репрезентацијата на Австрија со конечен резултат 90:54.

Кај стрелците за Македонија доминираше Миловановиќ со 15 поени (пет скокови, четири асистенции), а кај Австријците Заф беше прв стрелец со 10 поени.

В сабота (16 јули) од 14.45 часот, нашата младинска репрезентација во вториот меч на ЕП ќе игра против Шведска која на стартот славеше против Косово со 81:69.