вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија ја победи БиХ во Сараево за прва радост на кошаркарките

Македонија ја победи БиХ во Сараево за прва радост на кошаркарките

Македонската женска кошаркарска репрезентација по долго време се израдува на официјална победа, во квалификациите откако славевме на гостувањето кај Босна и Херцеговина со 68-66.  Македонија стави крај на серијата од 22 порази по ред.

Победата беше сосема заслужено, а нашите кошаркарки водеа во текот на целиот меч, на почетокот имавме и двоцифрена предност. Домаќинките се заканија во финишот, но Македонија го издржа налетот и на крајот дојде до победата.

Митрашиновиќ со 18 поени беше најефикасна, Трајчевска постигна 17, а Кметовска 14, двоцифрена беше и Антиќ со 10 поени.

И покрај победата, Македонија останува на последното место на табелата со една победа и четири порази. Во недела во Скопје го играме последниот меч од циклусот, ја пречекуваме селекцијата на Белгија која е прва во групата со четири победи и еден пораз.