По вчерашниот пораз од Естонија во четвртфиналето, македонските кошаркари до 20 години не пронајдоа преголема мотивација за надигрување во разигрувањето од 5-то до 8-то место и денеска загубија и од Летонија.
Машката малдинска репрезентација не успеа да се рехабилитира од вчерашното разочарување и претрпе нов убедливо пораз, овојпат изразен со резултат 85:62.
Селекцијата од Балтикот влезе многу посамоуверено на натпреварот кој се играше во Грузија и заслужено стигна до победата, па ќе остане во игра за петтото место.
Нашата селекција ја чека уште еден натпревар на ЕП од Б дивизијата, односно борба за седмото место на континенталниот турнир во Тбилиси.
Во завршниот меч на турнирот, Македонија ќе игра против поразениот од денешниот натпревар меѓу Бугарија и Шведска.