четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонија поразена од Русија

Македонија поразена од Русија

Македонската машка кошаркарска репрезентација во Перм загуби од домашната Русија со 94-77 (26-21, 25-22, 21-21, 21-23).

Веројатно и малку деморализирани од поразот на Италија од Естонија, но и уморни по вчерашниот натпревар, момците на Тодоров покажаа дека тешко можат да играат два физички напорни натпревари во два дена.

Во македонската репрезентација најефикасни беа Војдан Стојановски со 18 и Вајли со 16 поени, а кај Русија се истакнаа Боломбој со 19 и Антонов со 13 поени.

Утре нашите кошаркари имаат ден за одмор, а в недела од 13:00 часот пак ќе играат со Италија, а ако сакаат да се пласираат на Евробаскетот.

.