Македонија ја забележа првата победа во претквалификациите за Светското првенство, „црвено-жолтите” вечерва забележа убедлива победа над Словачка од 69-47.
По поразот од Швајцарија на стартот, избраниците на Драган Бајиќ вечерва се рехабилитираа со висок триумф над Словачка.
Македонија одлично го отвори натпреварот, првата четвртина ја доби со 22-10, а на стартот од вторите десет минути, стигна и до +19 (34-15). Словачка сепак не се предаде, до крајот на полувремето намали на 11 негатива (35-24), а во третата четвртина успеа целосно да се врати во игра и да се доближија на само -4 (46-42).
Сепак, „црвено-жолтите“ блеснаа во завршните 10 минути, направија серија од 20-0, противникот првите поени ги реализираше дури по седум минути игра, па на крајот Македонија славеше со убедливи 69-47.
Бојан Трајковски со 16 поени и осум скокови беше најдобар поединец во редовите на Македонија, двоцифрен учиник уште забежаа Џејкоб Вајли (12 поени), Адем Мекиќ (12 поени, Бојан Крстевски (10 поени) и Кристијан Николов (10 поени).
Со ова беше ставен крај на првиот круг од турнирот по кој трите селекции имаат по една победа, но првото место засега е за нашата репрезентација со оглед на подобрата кош-разлика.