Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва загуби од Летонија со 46-57 на кошаркарското Европско првенство (ЕП), кое се одржува во Скопје, а тоа значи дека нашите репрезентативци ги чека тешка битка за да се спасат од испаѓање во Б-дивизија.
Најдобар во македонскиот состав беше Никола Јаничиќ со 20 поени, девет скокови и две асистенции, додека Маркус Сипко постигна 14 поени, седум скокови и една асистенција за победничката репрезентација.
Кадетите ќе играат за пласман од 13 до 16. место на ЕП, а притоа мора да слават на двата следни меча за да останат во А-дивизија. Прв противник ќе биде поразениот од дуелот меѓу Турција и Израел.