четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонската машка кошаркарска репрезентација има нов капитен

Македонската машка кошаркарска репрезентација има нов капитен

Отсуството на Војдан Стојановски, поради тешка повреда на лигаментите, го принуди селекторот на македонската кошаркарска репрезентација да избере нов капитен во пресрет на претквалификацискиот турнир за пласман на СП 2023, кој од утре до 18 август ќе се одржи во Скопје, а на кој ќе настапат уште Словачка и Швајцарија.

Изборот на падна на највозрасниот во тимот, центарот на Пелистер, Бојан Трајковски, кој воедно има и најдолг репрезентативен стаж од кошаркарите кои во моментов му се на располагање на селекторот Драган Бајиќ.

Македонија турнирот ќе го отвори веќе во среда и тоа со пресметка против Швајцарците, за потоа да игра секој втор ден со оглед што трите репрезентации ќе треба да играат по двапати помеѓу себе.

Пласман во квалификациската фаза ќе обезбедат двете најдобри селекции на крајот.