среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонската репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Евробаскет 2025

Македонската репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Евробаскет 2025

Македонската кошаркарска репрезентација за место на Европското првенство во 2025 година ќе се бори со Литванија, Естонија и Полска во Х-групата од квалификациите кои ќе почнат во февруари, наредната година.

Согласно со „рестрикциите“ на ФИБА, со оглед на тоа дека Полска е еден од ко-домаќините на наредното Европско првенство, и има обезбедено директен пласман на шампионатот, место во завршниот дел ќе има за најдобрите две пласирани репрезентации.

Со денешната ждрепка во Минхен беа формирани и другите седум квалификациски групи:

А-група: Словенија, Украина, Израел, Португалија
Б-група: Италија, Турција, Унгарија, Исланд
Ц-група: Шпанија, Летонија, Белгија, Словачка
Д-група: Германија, Црна Гора, Бугарија, Шведска
Е-група: Франција, Хрватска, Кипар, Босна и Херцеговина
Ф-група: Грција, Чешка, Холандија, Велика Британија
Г-група: Србија, Финска, Грузија, Данска.