четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонската репрезентација го освои 16. место на ЕП дивизија-Б за кошаркари до 18 години

Македонската репрезентација го освои 16. место на ЕП дивизија-Б за кошаркари до 18 години

Македонската кошаркарска репрезентација го освои 16. место на Европското првенство Б-дивизија во Португалија.

На затворањето на турнирот, Украина ја победи нашата селекцијасо 90:74 во Матошинос, во натпреварот пласман на 15. Место.

Најефикасен во македонскиот состав беше Бојан Величковски со 17 поени, Стефан Стојковиќ забележа двоен ефект, изразен со 14 поени и 12 скока, додека Атанисиј Трајанов беше стрелец на 13 поени.

Најдобриот во македонската репрезентација, Андреј Шошкиќ, на овој натпревар не беше во најдобро светло и застана на само шест поени.