сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонскиот репрезентативец Вајли потпиша за Реал Бетис

Македонскиот репрезентативец Вајли потпиша за Реал Бетис

Кошаркаскиот клуб Бетис го промовираше Џејкоб Вајли за нов кошаркар на екипата. Македонскиот кошаркар со американски пасош рече дека е возбуден што се враќа во Шпанија, откако играше за Сарагоса во 2019 година.

„Многу сум возбуден што доаѓам овде, тоа е голем клуб и има многу таленти во тимот. Мојата улога е да ја ставам целата моја енергија и да бидам продуктивен за екипата“, објасни Вајли.

Во минатото играше за Лудвигсбург, Аделаида, Панатинаикос, Сарагоса, а последен клуб му беше Будуќност за кој играше до декември. Црногорскиот клуб потоа го суспендираше поради тоа што не се вратил во Подгорица по настапите за македонската репрезентација.