Александар Јончевски во наредниот период ќе биде зафатен на бидејќи покрај тоа што останува да ја врши функцијата на селектор на македонската кошаркарска репрезентација, истовремено ќе биде и клупски тренер.
Актуелниот предводник на најсилниот машки тим се одлучи да ја прифати понудата која ја добил од Косово, а која му гарантира клупски ангажман најмалку до крајот на сезоната.
Јончевски ќе биде шеф на стручниот штаб на Трепча, клуб кој денеска ја информираше јавноста дека е постигнат договор со македонскиот стручњак.
За Јончевски ова ќе биде враќање на клупските обврски по етапата која ја имаше во Гостивар, а воедно ќе претставува второ интернационално искуство во кариерата.
Првото датира од 2017-та година кога македонскиот селектор беше тренер на Спартак од Суботица.