четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонскиот стручњак Рајковиќ нов тренер на Автодор

Македонскиот стручњак Рајковиќ нов тренер на Автодор

Емил Рајковиќ стана нов главен тренер на Автодор од Саратов. Договорот со 42-годишниот македонски кошаркарски стручњак, рускиот клуб го потпиша со важност за сезоната 2021/22. Во стручниот штаб на Рајковиќ ќе бидат и Марко Величковиќ и Владислав Коновалов.

Последните три сезони, Рајковиќ ја предводеше казахстанската „Астана“. На крајот на шампионатот 2018/19, клубот го постигна најголемиот резултат во историјата – 6. место во ВТБ-лигата, со 57,7% победи. Во исто време, македонскиот специјалист ја доби наградата за тренер на годината во ВТБ-лигата.

За три години работа во „Астана“ Рајковиќ стана шампион на Казахстан три пати и трипати беше прогласен за „најдобар тренер“ во земјата. Во сезоната 2020/21, тој стана селектор на репрезентацијата на Казахстан.