сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонските кошаркари без поддршка од публиката поради новите мерки на Владата

Македонските кошаркари без поддршка од публиката поради новите мерки на Владата

Последниот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на Светскиот Куп во 2023 година, на кој вечерва од 19.часот, се среќаваат селекциите на Македонија и на Словачка, ќе се игра без присуство на публика во салата на СЦ „Јане Сандански“.

-Македонската кошаркарска федерација направи се за да добие дозвола за организација на овој последен натпревар од претквалификациите со присуство на гледачи, Искрено жалиме поради одлуката овој важен натпревар да се одигра без присуство на гледачи, соопштија од федерацијата.

По добивањето на препораките, односно најновите мерки за заштита од Ковид-19, донесени од страна на здравствените и државни авторитети, федерцијата одлучи дека стриктно ќе ги почитува најновите одлуки кои се однесуваат на протоколите за организација на официјални натпревари во затворен простор.