недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Македонските кошаркари домаќини на Норвешка

Македонските кошаркари домаќини на Норвешка

Македонската кошаркарска репрезентација вечер ја пречекува Норвешка во 3. коло од претквалификациите за Евробаскет 2025.

Адем Мекиќ кој поради повреда не ги одигра првите два натпревари против Данска, и потоа со Словачка, одново е дел од националниот тим.

– Пред сè, сакам да потенцирам дека по подолга пауза многу ми е мило што сум назад во тимот и во репрезентацијата. Пред нас е очигледно тежок натпревар со делителот на првото место во групата заедно со нас, тимот на Норвешка. Се работи за сериозен тим со брза и сериозна кошарка, со самодоверба и слобода во нападот, предобро воиграна транзиција, но на нас е да ги оправдаме очекувањата и да го одбраниме домашниот терен. За нас е многу важен дуел овој со Норвешка. Подготвени сме да го оправдаме, да кажам, донекаде, епитетот на фаворит и на домашен терен. Атмосферата во екипата е одлична и се надевам на победа. Мора да дадеме 100% и да сме чисти пред себе, изјави Мекиќ за сајтот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија.

Натпреварот ќе се игра во салата „26 Април“ во Гевгелија.